Нови детали од истрагата за смртта на Метју Пери: Запленети мобилен телефон и лаптоп на славна личност

од Nikola Popovski
6,K прегледи

Полицијата од Лос Анџелес неодамна откри нови детали за смртта на прославениот актер Метју Пери. Како што дознава „In Touch“, полицијата го конфискувала мобилниот телефон и лаптопот на славна личност која била поврзана со смртта на Метју Пери.

Според нивните информации, станува збор за женско лице кое исто така било повикано на разговор, откако полицијата на Лос Анџелес (ЛАПД) заедно со Одделението за борба против дрога (ДЕА) покренале истрага за причините за смртта на Пери.

Кога полицијата пристигнала со налог за претрес во нејзиниот дом во Лос Анџелес, таа не била присутна. Но, кога се вратила соработувала со полицијата.

„Додека полицајците ја пребаруваа нејзината соба, зеле Ајфон и лаптоп. Таа ангажирала адвокати и имала повеќе разговори со полицијата откако пристигнале во нејзиниот дом. Жената не открила премногу за ситуацијата, но инспекторите морале да знаат нешто повеќе за да добијат налог и само така да се појават“, рекол изворот.

Медиумот наведува дека го знаат идентитетот на лицето, но нема да откриваат детали бидејќи истрагата е во тек. Откриле дека таа и Пери се запознале на рехабилитација и тогаш неочекувано станале пријатели. Како што понатаму наведува изворот, приведената жена тврди дека никогаш не направила ништо за да му наштети на Пери.

Инаку, два месеци по неговата смрт, лекарите констатирале дека славниот актер починал од акутните ефекти на кетамин.

Пери беше пронајден мртов на 28 октомври минатата година во џакузито на неговиот дом во Лос Анџелес. Според истрагата, во неговиот стомак биле пронајдени траги од кетамин, кој се користи во некои лекови за депресија.

Кетаминот е силен анестетик којшто се користи како алтернативна терапија за депресија, анксиозност, нарушувања предизвикани од посттрауматски стрес и други проблеми со менталното здравје, а често некои луѓе го користат и како рекреативна дрога.

Според извештаите, актерот бил на терапија со кетамин која му се давала преку инфузии, но се смета декa опијатот најден во неговото тело, најверојатно не е од последната терапија, која била околу 10-тина дена пред да почине.

Слични содржини