Нови детали од конфликтот во кралското семејство: „Му испратив порака на Вили, немаше одговор“

од Stefanija Kuzmanovska
477 прегледи

Омид Скоби е автор на новата книга Endgame, која раскажува за британското кралско семејство.

Тука се опишани многу скандалозни детали за нив, а се авторот се осврна и на бизарните барања на кралот Чарлс Трети, а особено внимание привлекоа деловите кои зборуваат за неговиот однос со неговиот син Хари и неговата сопруга Меган Маркл.

Проблемите во британското кралско семејство особено излегоа на виделина кога Хари и Меган решија да го напуштат Лондон и да се преселат во Калифорнија. Ова не само што влијаеше на односот меѓу таткото и синот, туку предизвика и раздор меѓу Хари и неговиот брат Вилијам.

Како што опишал Скоби во книгата, нетрпеливоста на Вилијам кон неговиот брат отишла толку далеку што тој одбил да одговори на неговите пораки кога нивната баба, кралицата Елизабета, била на смртна постела. Според тврдењата на писателот, Хари се упатил кон замокот Балморал за да се поздрави со својата баба, а во еден момент побарал насоки од Вилијам за да стигне што поскоро, но идниот крал не одговорил на неговите пораки.

Самиот војвода од Сасекс пишуваше за ова во своите мемоари „Резерва“.

„Веднаш му испратив порака на Вили да го прашам дали тој и Кејт летаат. Ако да, кога и како. Немаше одговори. Мег и јас ги разгледувавме опциите за лет“, напиша тој.

Хари и Меган прилично ја оцрнија британската монархија во документарецот за Нетфликс и открија неколку прилично шокантни детали за нив, што беше премногу за кралот Чарлс. Тој одлучил да ги „казни“ со одземање на Фрогмор Котиџ, нивниот единствен имот во Британија.

Според Омид Скоби, двајцата се почувствувале „шокирани и разочарани“ од тоа, а Хари му се јавил на татко му и го прашал дали сака да ги види своите внуци, алудирајќи на тоа дека сега немаат каде да престојуваат во Англија. Сепак, татко му му рекол дека „секогаш ќе имаат каде да престојуваат“.

Ова ја поттикна Меган Маркл да изјави дека „никогаш повеќе не сака да стапне во Англија“ и дека таму „никогаш не се чувствувала како дома“.

Слични содржини