Нови детали од мистериозната средба на Герхард Шредер и Владимир Путин

од Vladimir Zorba
274 прегледи

Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер во четвртокот вечерта се сретнал со рускиот претседател Владимир Путин и разговарал неколку часа во обид да се стави крај на војната во Украина, пишува германскиот весник „Билд“.

Цитирајќи лице, детално упатено за активностите на Шредер, „Билд“ пишува дека Шредер нашироко разговарал и со најблиските советници на Путин. Извор за „Билд“ изјави дека Шредер во моментов е единствената личност која има лични контакти со Путин и украинските претставници.

„Политико“ прв објави дека Шредер лета за Москва на разговори со Путин, а извори од германската влада велат дека таа не била вклучена во организацијата на таа посета.

Да потсетиме, Шредер е член на управниот одбор на рускиот нафтен гигант „Роснефт“ и е претседател на одборот на акционери на компанијата задолжена за изградба на гасоводот „Северен тек 2“ – проект, кој е стопиран.

Слични содржини