Во Нов Белград беше откриен уште еден апартман, кој наводно му припаѓал на кланот на Вељко Беливук. Според неофицијални информации, во него биле пронајдени десет милиони долари во биткоини, 100.000 евра и скапа компјутерска опрема.
Според добро информиран извор, овој стан служел како „мафијашки трезор“ за споменатата криминална група. Дрогата ја плаќале со биткоини до нарко-картелите од Јужна Америка.
Да потсетиме, Звездара, Врчин, Панчево, Банатски Брестовац, Лозница, Горњи Милановац, Куршумлија, се само некои од местата каде Вељко Беливук имал станови и куќи, кои се исто така локации на некои од злосторствата за кои тој и неговата криминална група се осомничени.
Во Ритопек, на местото на кое се наоѓа познатата викенд-куќа на Веља Невоља, во моментов има голем број членови на српската Жандармерија.