896
Во тешката сообраќајна несреќа каде се судрија автомобил и воено возило на патот Краљево -Рашка, загинаа петмина, меѓу кои три деца, потврди за РТС директорот на болницата во Краљево доктор Зоран Мрвиќ.
Лекарите се борат за животот на едно лице. Во текот на реализацијата на редовните задачи, борбено возило на војската на Србија, Пасарс, се судрило со цивилно возило кај местото Ушче.
Борбеното возило на војската на Србија се движело во правец накај Рашка, и било во колона под следење на воената полиција.
Се претпоставува дека патничкото возило се нашло под военото борбено возило.