Нови детали за корените на Џулија Робертс: Биолошки нема поврзаност со презимето Робертс

од Stefanija Kuzmanovska
235 прегледи

Во документарецот кој ги истражува корените на познатите личности, откриено е дека холивудската дива Џулија Робертс не би требало да го има ова презиме.

Имено, таа е родена во Џорџија, а семејното стебло Робертс вели дека нејзиниот прадедо Џон е роден во 1878 година, а неговата мајка Рода Сатл во 1837 година.

Таа била во брак со Вил Робертс и тогаш го зела неговото презиме. Сепак, Вил умрел десет години пред да се роди Џон Робертс, па останува нејасно кој е неговиот татко.

По извршеното ДНК тестирање, изборот беше стеснет и сè укажува на Хенри Мичел Џуниор.

„Ти си Џулија Мичел. Биолошки не си Робертс“, ѝ рекол д-р Гејтс на шокираната Џулија, која, во најмала рака, била изненадена.

Актерката никогаш не слушнала за нејзината прабаба Рода Сатл, но секако е изненадена.

„Ова беше многу неочекуван удар за мене. Сигурна сум дека моето семејство не знаело ништо за ова. Ова многу ме скрши“, изјави актерката, а потоа додаде:

„Од една страна, мојот ум е навистина разнесен и тоа е фасцинантно, а од друга страна, се чувствувам малку исплашено, како моето семејство да не е мое. Без разлика на се, го претпочитам презимето Робертс“, рече таа.

Слични содржини