Нови детали за крунисувањето на Чарлс: Каква улога ќе имаат Хари и Меган во церемонијата?

од Stefanija Kuzmanovska
255 прегледи

Кралското семејство е среде подготовки за церемонијата на крунисување на кралот Чарлс, а секојдневно добиваме различни информации поврзани со неговите членови.

Позната е ситуацијата со Хари и Меган Маркл кои одлучија да ги прекинат сите кралски должности, а сега се повеќе се шпекулира дали ќе се појават на церемонијата.

По крштевањето на нивната ќерка Лилибет, кое наводно принцот Вилијам и Кејт Мидлтон го игнорирале, се повеќе е под знак прашалник дали Хари и Меган ќе сакаат да присуствуваат на крунисувањето. Сепак, според последните извештаи, никој не го очекува премногу нивното доаѓање.

Според извор близок до кралското семејство, Хари и Меган имаат право да дојдат, но нема да имаат никаква улога во официјалниот протокол, туку ќе ја набљудуваат церемонијата како обични луѓе.

Тие ја добија поканата, но се уште не се изјасниле дали ќе присуствуваат. Нивниот син Арчи тогаш слави роденден, па тоа може да биде и една од причините, а познато е и дека кралот сака само членовите кои активно учествуваат во извршувањето на кралските должности да бидат дел од церемонијата.

Слични содржини