Нови детали за разделбата: Ана Ивановиќ му замерувала на Швајнштајгер една работа

од Vladimir Zorba
66 прегледи

Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер поднесоа барање за развод, објави австрискиот портал „Кроне“. Тие се повикуваат на германските медиуми.

Србинката сака што поскоро да го остави зад себе периодот од својот живот во кој беше сопруга на германскиот фудбалер. Германските медиуми објавуваат дека адвокатите од двете страни подготвуваат итен развод, а најбрзиот можен пат е во Швајцарија. „Кроне“ во текстот истакнува дека „освен документацијата, сето ова значи многу стрес и напнатост за поранешната двојка“.

Ниту еден од нив не го објави разводот, но според неофицијалните информации, двојката живее одвоено веќе некое време. Ана се врати во Белград со своите деца, додека Бастијан го поминува поголемиот дел од слободното време во Минхен, каде што прави анализи и коментари за телевизиски станици. Според изворите, Ана сметала дека Бастијан не разбирал колку ѝ е тешко да ги балансира сите свои одговорности околу децата и куќата, што дополнително ја оптоварувало нивната врска.

Ве потсетуваме дека кон средината на април, германските медиуми почнаа да шпекулираат дека славниот пар се разведува по девет години брак. Бастијан престана да ја следи на социјалните мрежи, а Ана веќе некое време не го носи венчалниот прстен.

Нивната љубовна приказна започна во 2014 година на Отвореното првенство на САД. Тие се венчаа во 2016 година на романтична церемонија во Венеција и имаат три деца – Лука, Леон и Тео.

Слични содржини