Нови детали за случајот „Болдвин“: Огромни проблеми на сетот на „Rust“, имало неколку инциденти

од Vladimir Zorba
645 прегледи

Пиштолот од кој актерот Алек Болдвин пукаше на снимање и уби жена, му го дал помошникот на режисерот, кој му рекол дека е безбеден, покажуваат судските записи, пренесе Би -Би -Си.

Според судските записи, неименуван помошник не знаел дека во реквизитите има муниција.

Директорката на фотографија Халина Хачинс почина откако куршум ја погодил во градите. Режисерот Џоел Соуза, кој бил веднаш зад неа, бил ранет. 48-годишниот режисер вчера бил пуштен од болница.

Полицијата соопшти дека ја зеле крвавата облека на Болдвин како доказ. Исто така, сите реквизити од сетот се одземени.

Болдвин (63) беше испрашуван од полицијата, но сè уште никој не е обвинет. Болдвин рече дека целосно ќе соработува со полицијата.

Според LA Times, неколку часа пред трагичниот настан за време на снимањето на „Rust“ во Ново Мексико, дел од техничкиот персонал го напуштил местото на снимање во знак на протест поради лошите услови за работа. Имено, луѓето кои работат на филмот се револтирани од условите во кои се снима овој нискобуџетен филм.

Извор за LA Times изјавил дека тие не се придржувале целосно до безбедносните протоколи на сетот на овој филм. Минатата недела, пишуваат, најмалку едно лице се пожалило во продукцијата за безбедносни проблеми со оружјето.

Двајца вработени во LA Times објавија дека двојникот на Болдвин (лицето што го менува во одредени опасни сцени) минатата сабота случајно испукал два куршуми откако му било кажано дека пиштолот е „ладен“. Имено, терминот што се користи како знак дека во пиштолот нема вистински куршуми е ладен.

„Тогаш требаше да се спроведе истрага“, рекол анонимен извор од сетот.

Тие испратија порака до продукцијата за тоа како имале повеќе инциденти со употреба на вистински куршуми.

Слични содржини