По убиството што се случи пред неколку часа во паркингот кај „Мавровка“, полицијата веќе започнала потрага со хеликоптер. Исто така, полицијата ги затвори сите патишта, преку Сарај, Нерези, Гази Баба итн. Според некои информации, бара и црн автомобил „ауди“ без регистарски таблички.
Според сведоците, жртвата била застрелана од лице кое претходно му го отворило багажникот и оттаму одзело пакет. Не се знае што содржи пакетот, но она што се знае е дека автомобилот на починатиот е со скопски регистарски таблички (7977 АК) и е на приватна фирма, пишува Алсат.
Автомобилот на лицето кое е осомничено дека е убиецот е пронајден во Гази Баба и има белгиски регистарски таблички.
Потсетуваме, случајот наводно се случил надвор од автомобилот на починатиот, кој бил придружуван од жена.
Полицијата продолжува да врши увид на лице место на убиството, во кое неофицијално е убиен адвокат.