Нови директори на Државниот комунален инспекторат и Културниот центар во Истанбул

од desk2
71 прегледи

Владата на Република Македонија на денешната 51. седница донесе одлуки за именување нови директори на Државниот комунален инспекторат и Културниот центар во Истанбул.

„За вршител на должноста директор на Државниот комунален инспекторат беше именувана Елизабета Јованчева. За директор на Културниот центар во Истанбул, Владата го именуваше Рамадан Рамадани, досегашен вршител на должноста во истата институција“, се наведува во соопштението од Владата.