Владата ги разреши членовите на Управниот одбор на шумскиот резерват Јасен. За нови членови на УО на Јасен се именувани Марјан Даскаловски, Зоран Наков, Ирена Станкоска, Ристо Спасовски и Илми Селмани.
Владата, за в.д. директор на Државниот просветен инспекторат го именуваше Томе Спировски. Разрешена е в.д. директорката Надица Николоска, поради тоа што е констатирано дека и е истечен мандатот од 9 мај 2017 година.
Од вршител на должноста директор на Државниот инспекторат за локална самоуправа, на негово барање е разрешен Ванчо Шехтански.
На седницата Владата за членови на Економско-социјалниот совет ги именуваше Мила Царовска, министерка за труд и социјална политика, Драган Тевдовски, министер за финансии, Крешник Бектеши, министер за економија и Кочо Анѓушев, заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските.
