
Очекуваме Motorola да ги претстави новите уреди од серијата G7 за време на специјален настан во Бразил по месец. Во интернет, сепак уште сега се појавија нови рендери и информации за цените на поединечните модели во Европа.
Најевтин, природно, повторно ќе биде Moto G7 Play, кој ќе биде понуден за 149 евра. Достапни бои ќе бидат златни и сини. Moto G7 Power ќе чини 209 евра, а опциите ќе се пурпурно-виолетова и црна.
Стандардниот Moto G7 ќе биде достапен во црна и бела, а Moto G7 Plus ќе се нуди во црвена и сина. За жал, нивните цени се уште се непознати. Од рендерите пак гледаме дека Moto G7 и Moto G7 Plus ќе имаат „исечени“ дисплеи со мала предна камера и релативно голема долна рамка со логото на компанијата на неа. И двата уреди имаат двојна главна камера и сензор за отпечатоци кој е вграден во логото на Motorola.
Moto G7 Play и Moto G7 Power исто така се со исечени дисплеи, но тие ќе бидат од типот кој го познаваме од iPhone X (notch). И двата поевтини модели се со единечни камери, а решението за сензорот за отпечатоци е ист како кај поскапите претставници на серијата. Што се одднесува на користените чипсети, се очекува Moto G7 и Moto G7 Plus да се со Snapdragon 660, Moto G7 Play да нуди Snapdragon 632, а Moto G7 Power да е опремен со Snapdragon 625.