Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл останаа надвор од новиот официјален семеен портрет на кој кралот Чарлс Трети позира со сопругата Камила и принцот и принцезата од Велс, Вилијам и Кејт Мидлтон.
Сепак, само неколку дена откако кралскиот портрет беше објавен на официјалниот Инстаграм профил на Бакингемската палата, на социјалните мрежи се појавија нови фотографии од Хари и Меган.
Ги објави фотографот Мејсен Хариман на својот Инстаграм профил, а фотографиите се направени минатиот месец на самитот One Young World во Манчестер, каде Меган одржа и говор.
„Војводата и војвотката од Сасекс неколку моменти пред церемонијата на отворањето на самитот One Young World минатиот месец“, напиша фотографот во описот на фотографиите, од кои едната е во боја, на која се гледа дека Меган носи црвен комплет, додека на црно белиот парот позираат настрана, а на двете се држат за рака.
Фотографот ги објави досега невидените фотографии на Хари и Меган само два дена по објавувањето на портретите на таканаречената нова кралска четворка, фраза што некогаш се однесуваше на Хари, Меган, Кејт и Вилијам, пред Сасексите да решат да ги напуштат своите кралски должности и преселбата во САД.
Очекувано, фотографиите од Хари и Меган успеаја да го засенат кралскиот портрет, а обожавателите на кралското семејство се убедени дека тие токму тоа и го планирале.