325
Ситуацијата во нуклеарната централа Запорожје е под контрола и денеска немаше украински артилериски напади, објави Владимир Рогов, член на Главниот совет на Воено-граѓанската управа на регионот Запорожје.
– Во однос на ситуацијата во нуклеарната централа Запорожје, се е под контрола и ситуацијата е нормална. Денеска немаше никаков удар на украинската артилерија – изјави Рогов за радиото „Комсомолскаја Правда“.
Тој посочи дека нивото на радијација во комплексот на нуклеарната централа е нормално, пренесува ТАСС.
– Поточно, нивото на радијација не само што не ја надминува (нормата), туку е и многу пониско – прецизира Рогов.