Нови масовни протести во Хонг Конг

од desk3

Фото: nbcnews.com

Илјадници продемократски демонстранти повторно се собраа во центарот на Хонг Конг, барајќи поддршка од меѓународната заедница, посебно од САД.

„Упатуваме итен повик до меѓународната заедница да нè поддржи, нема друго решение“, повика 24-годишната студентка Чун, учесничка на собирот кој имаше дозвола од полицијата.

Демонстрантите побараа од американските законодавци да донесат закон со кој ќе се дозволат санкции за кинеските лидери. „Законот за човекови права и демократија во Хонг Конг“, кој се очекува оваа недела да го изгласаат американските конгресмени, предвидува годишна проценка на посебниот статус што САД му го даваат на Хонг Конг во однос на трговијата, а би можел да вклучи и санкции за кинески функционери. 

Слични содржини