493
Македонските државјани од недела ќе може да влезат во Холандија со исполнување на сите три услови – сертификат за имунизација, негативен ПЦР тест и плус задолжителен 10-дневен карантин потоа.
На 4 септември ќе стапат на сила голем број важни промени во врска со областите од многу висок ризик. Барањата за луѓето кои патуваат во Холандија од овие земји, исто така, ќе се променат.
Македонија ќе биде означена за многу ризична област од 4 септември. Патниците од Македонија ќе можат да влезат во Холандија само ако се целосно вакцинирани или спаѓаат во една од категориите за ослободување за забрана за влез во ЕУ. Од 4 септември, исто така, ќе се бара да го почитуваат задолжителниот карантин од 10 дена.