Музичкиот магнат Шон Диди Комбс, кој е во притвор од септември и е обвинет за рекетирање, трговија со луѓе со цел сексуална експлоатација и злосторства поврзани со проституција, се соочува со нови обвиненија. Диди е тужен од поранешен вработен кој тврди дека раперот го изложувал на сексуална злоупотреба и вознемирување, трговија со луѓе и други „понижувачки нешта“ додека работел за него, пренесе TMZ.
Филип Пајнс во судските документи изјавил дека, покрај озлогласените забави наречени „freak offs“ каде што сексуално ги злоставувал своите жртви, Диди организирал и „секс-забави“ кои ги нарекол „Диви кралски ноќи“. Пајнс пред судот изјави дека неговите деловни задачи извршени од 2019 до 2021 година вклучуваат логистика зад „секс-забавите“ на Диди и складирање на „дрога, алкохол и секс играчки“.
Адвокатите на Комбс продолжуваат да ги негираат наводите изнесени против раперот за сексуален напад, силување, како и наводите за рекетирање, трговија со луѓе и други кривични дела. „Без разлика колку тужби се покренати, тоа не го менува фактот дека г-дин Комбс никогаш сексуално не злоупотребувал или тргувал со некого – машко или женско, возрасен или малолетник“, велат тие за „Дејли Мејл“, додавајќи: „Живееме во свет во кој секој може да поднесе тужба, од која било причина. За среќа, постои фер и непристрасно судење за да се открие вистината, а г-дин Комбс е уверен дека вистината ќе надвладее на суд“.
Според тужбата поднесена од Пајнс, Диди го третирал како „животно“ за да му ја покаже својата лојалност. Тој тврди дека за Комбс морал да постави хотелски соби кои раперот ги користел за неговите „Диви кралски ноќи“, забави во кои имало секс и дрога. Тој исто така тврди дека тој бил одговорен за „чистење на последиците“.
Поранешната вработена морала да складира „црвени светла, кофи со мраз, алкохол, марихуана, пакувања со мед за машко либидо, бебешко масло, лубриканти, крпи, нелегални дроги и моќни сексуални уреди“. Тој во тужбата зборува и за тоа дека ваквите забави траеле со денови, а во чистењето на собите по нив имало потенцијално опасни материи како „телесни течности, реквизити за дрога и користени кондоми и секс играчки“.
Филип, исто така, пред судот изјавил дека секогаш морал да остава големи бакшиши на персоналот на хотелот за некој да не и каже на јавноста што се случува во собите на Диди.
Покрај тоа, тој исто така тврди дека Диди го принудил да работи во негова близина откако раперот се заразил со коронавирус. Комбс, наводно, му наредил да молчи откако славна личност го прашала за време на роденденската забава на Комбс во 2020 година дали некој од присутните бил заразен со коронавирус.