Во викенд-куќата во Ритопек, за која српските истражители се сомневаат дека кланот на Вељко Беливук и Марко Миљковиќ била користена за тортура и убиства, полицијата пронашла и женска облека!
Како што дознава српски „Курир“, парчињата пронајдена облека биле испратени на вештачење со цел да се утврди кому му припаѓаат.
– При детален преглед на куќата во Ритопек, на таванот, пронајдена е торба, на која имало траги од крв. Во таа торба е откриена шал од ФК Црвена звезда, како и црно здолниште и комплет женски пижами – открива извор за српски „Курир“.
Како што се наведува, само кога ќе се открие чија е женската гардероба, истражителите ќе можат да направат слика како таа се нашла таму.
– ДНК ќе се земе од здолништето и други работи. Не можеме да претпоставиме дали станува збор за гардероба на жени што можеби биле донесени во таа куќа за забава или станува збор за нешто друго – вели соговорникот од истрагата.
Се сомнева дека криминалната група што извршила монструозни злосторства во куќата, во која истражителите пронашле траги од крв во скоро сите простории, бунарот и бункерот но и индустриска машина за мелење месо, убиле најмалку пет лица чие исчезнување било пријавено во последнава година.
– Се проверуваат и сите други траги, особено од мелницата за месо, бидејќи се верува дека таа ќе даде најконкретни докази за тоа кој завршил во оваа куќа на најстрашен можен начин – додава тој.
Според српскиот министер за внатрешни работи, Александар Вулин, новите откритија во „куќата на ужасот“, пред се мелниците за месо и арсеналот, кои се наоѓале во таен, подземен бункер, го надминуваат она што го направиле членовите на озлогласениот Земунски клан, кој беше растурен по убиството на премиерот Зоран Ѓинѓиќ.
– Тие ги одржуваа жртвите живи со денови, ги мачеа на најбрутален начин, а потоа ги убиваа, распарчуваа телата и ги ставаа во таа мелница за месо и коски, со цел да ги уништат трагите. Оние членови на кланот што не го сторија тоа, беа подготвени да ни кажат каде се наоѓа сè и не се сомневам дека ќе има уште информации – изјавил министерот.
Зборувајќи за оружјето што било откриено во посебна просторија чиј влез беше добро скриен, Вулин вели дека сè укажува на тоа дека оваа криминална група била подготвена за пресметка со државата.