Нови подземни контејнери на „Никола Русински“ во Карпош 3

од Берта Китинска
306 прегледи

Општина Карпош постави нови подземни контејнери долж улицата „Никола Русински“, во Карпош 3.

-Еден ваков контејнер, по својот капацитет заменува од 3 до 5 стари контејнери. Сликата на отворени контејнери и лоша миризба станува минато.Овие контејнери се единствено за комунален домашен отпад. Сите маркети, сендвичари, ресторани и кафулиња кои ќе фрлаат отпад во истите – ќе бидат санкционирани, велат од општината.