Нови поројни дождови во Грција

од Vladimir Zorba
178 прегледи

Нови поројни дождови во раните утрински часови денеска во Грција, пренесе „Прототема“. Според податоци на весникот, неколку улици во Навпактија на западното крајбрежје биле поплавени во часовите по полноќ.

Пожарникарите реагирале на повеќе вознемирувачки сигнали во текот на ноќта. Нанесена е штета на патот што води до античкиот театар во регионот.

Силниот дожд беше очекуван, откако порано грчката метеоролошка станица предупреди за нови силни врнежи во земјата, по невобичаената бура, која нанесе големи штети на Халкидики и го одзеде животот на седум лица.