НОВИ ПОСЛЕДИЦИ: Климатските промени предизвикаа голем ПРОБЛЕМ во Шпанија!

од Vladimir Zorba
24 прегледи

Климатската криза и загадувањето придонесоа за катастрофален пад на бројот на школки во шпанската провинција Галиција, јавуваат медиумите.

Шпанските рибари велат дека за неколку години бројот на некои видови школки што ги одгледуваат се намалил за дури 90 отсто, пренесува Гардијан.

Галиција е најголемиот европски производител на школки по Кина и произведува најмногу дагњи во светот.

Производството на школки минатата година беше најниско во последните 25 години, со 178.000 тони, во споредба со 250.000 тони произведени во 2021 година.

Слични содржини