Се трупаат проблеми за Tesla. По падот на продажбата, нападите врз возилата и изложбените салони во САД, луѓето кои очигледно не се задоволни од политиката на Илон Маск, сега вработените во фабриката на Tesla во Берлин протестираат поради условите за работа. Околу 3.000 вработени во Tesla (од вкупно 11.000) испратиле низа барања до раководството, пренесува Automotive News Europe.
Вработените бараат голем број подобрувања, како што се зголемување на персоналот за да се олесни обемот на работа, раководството да престане да користи методи за контрола врз основа на страв и бараат повеќе паузи.
Вработен во синдикатот IG Metall вели дека тој и другите вработени често немаат време да одат во тоалет.
Барањата на вработените се совпаѓаат со фактот дека Tesla штотуку започна со производство на обновениот Model Y во својата фабрика во Берлин.