Тридимензионалните виртуелни светови би можеле да раѓаат нови видови сајбер криминал и да ги подигнат познатите на ново ниво, предупреди меѓународната полициска агенција Интерпол. За сопственикот на Facebook, инвестирањето во 3D реалноста полека станува товар.
Facebook минатата година го поттикна технолошкиот свет со метаверзумот (Metaverse), тродимензионален виртуелен свет кој ги поттикна шпекулациите меѓу компаниите и инвеститорите дека ќе ги зафати граѓаните и деловниот свет и ќе означи нова фаза во развојот на интернетот.
Сопственикот на социјалната мрежа го промени своето име во Мeta во октомври 2021 година за да означи промена кон таа идеја.
Проектот отвори голем број етички и регулаторни прашања, а загрижени се и службите чија задача е борба против криминалот.
Земјите-членки на Интерпол не знаат како да се подготват за можни злосторства во „Метаверзумот“ на Меtа“, изјави за Ројтерс извршниот директор за технологија и иновации на Интерпол, Мадан Оберои.
– Некои злосторства можеби се нови и се создадени од овој медиум, а за некои што веќе ни се познати, тоа ќе го отвори патот и ќе ги подигне на ново ниво – рече тој.
Во проширената и виртуелната реалност, електронските пораки кои ги поттикнуваат граѓаните да откриваат лични податоци, како што се лозинки и броеви на кредитни картички (фишинг) и слични измами може да функционираат поинаку, предупреди претставникot на Интерпол.
Се поставува и прашањето за безбедноста на децата, истакна тој.
Виртуелната реалност, исто така, може да го олесни криминалот во физичкиот свет, истакна Оберои.
– Доколку некоја терористичка група сака да нападне физички простор, би можела да искористи (виртуелен) простор за планирање, симулација и вежбање пред нападот – објаснува тој.
Полициската агенција на ЕУ, Европол, предупреди во извештајот овој месец дека терористичките групи во иднина би можеле да ги користат виртуелните светови за пропаганда, регрутирање и обука.
„Корисниците исто така ќе можат да создаваат виртуелни светови со „екстремистички правила“, додаваат тие.
Виртуелниот свет кој ги евидентира интеракциите на корисниците во децентрализиран јавен регистар на трансакции со дигитални валути ќе овозможи, врз основа на една трансакција, следење на активностите на сите поединци и ќе обезбеди вредни информации за уценувачите, соопшти Европол.
Астрономски износи
Во визијата на Марк Закерберг, дружењето во виртуелниот 3D свет во голема мера треба да го замени тоа во физичкиот свет.
Засега нема многу индикации дека визијата оживеала.
Резултатите на Меtа во третиот квартал ги разочараа инвеститорите, цената на акциите драстично падна, а критичарите сè почесто бараат извршниот директор да се откаже од астрономски скапиот фокус на Метаверзум.
Компанијата потроши огромни суми на проектот, вклучувајќи повеќе од 100 милијарди долари за истражување и развој на производи. Само минатата година издвоиле 15 милијарди долари.
Тоа е многу, дури и за технолошкиот свет.
„Меtа го стави целиот свој деловен удел на мапата на Метаверзумот, која сè уште не постои, а коцката не се исплати“, додаде Рејчел Фостер Џонс, тематски аналитичар во GlobalData.
– Метаверзумот веројатно нема да биде профитабилен уште десет години, а заканите за замрзнување на вработувањата сами по себе не можат да ги убедат инвеститорите дека Меtа се фокусира на тоа што сега ќе ги плати сметките – посочи таа.
Компанијата најави дека ќе го забави темпото на вработувања, а резултатите од третиот квартал покажуваат пад на приходите од четири отсто на 27,7 милијарди долари. Профитот е намален на половина, на 4,4 милијарди долари.
– Закерберг дозволи приказната за Метаверзумот да ја „проголта“ компанијата – заклучи Фостер Џонс.