Нови шокантни откритија за крвникот од Ница! Испратил стотици илјади долари на роднините пред масакрот

од desk3
80 прегледи

Пука ли се верзијата за терорист-единец? Ќе фрлат ли новите откритија за касапот од Ница светлина врз тоа кој е всушност тој и какви биле неговите вистински мотиви да убивањето на луѓето како животни. Излегува дека Мохамед Булел кој ја окрвави Ница, го подготвувал многу внимателно својот напад. Органите на редот објавија дека терористот неколку пати го посетувал шеталиштето и ја проучувал околината.

1468748824-buhl
Непосредно пред да ги погуби луѓето со својот камион-убиец пак, Мохамед испратил крупна сума пари на своите роднини во Тунис. Средства едвај може да ги спечали еден економски мигрант кој треба да храни сопруга и деца. Минути пред нападот, тој испратил таинствен СМС, во кој бата да му се донесат уште оружје.
Бзебдносни амери го снимиле за време на неговата турнеја во регионот на 12 и 13 јули, соопшти ren.tv. На кадрите се гледа како тој вози камионот и внимателно ја истражува месноста.

Ердоган бара САД да му го предадат Фетхуллах Гулен

Претходно беше соопштено дека неколку часа пред нападот Булел испратил на семејството својот слика и напишал дека се чувствува среќен.

“Тој ми испрати селфи и рече дека е среќен што според него се е во ред”, вели пред Mirror братот на терористот – Џабир. “Подоцна, кога слушнавме за тоа што се случува во Ница, почнавме да му испраќаме пораки со прашање дали се е во ред со него. Му пишауваме пораки до два часот наутро”, додава тој.

1468740494-image-5647431-302

Непосредно пред терористичкиот акт Мохамед Булел успеал да испрати на роднините во Тунис околу 110 000 долари.

“Тој редовно ни испраќаше мали количини, како што прават повеќето сонародници кои работат зад граница. Мохамед ни ги испрати сите негови заштеди. Се што успеал да спечали во Франција. Тој работеше осум години. Тоа се сите пари кои тој успеал да си заработи во Франција “, откри уште брат му Џабер.

Односно ако се направи нејасна сметка, Мохамед треба да добивал минимум по речиси 1200 долари месечно со огромна горна граница, во текот на осум години, за да може да си дозволи такви заштеди.

По традиција џихад организациите даваат на камиказата пари со кои тие слободно можат да располагаат. Некои наместо материјална корист добиваат ветувања дека нивните семејства нема да страдаат од недостаток на ништо, за да бидат убедени да го притиснат копчето. Освен пари, камиказите добиваат и ветувања дека ќе живеат царски среде рајот опкружени со галење на многобројни девици.

Друго шокантно откритие за крвникот дојде од содржината на последниот СМС, кој тој го испратил пред да згази близу 100 лица на шеталиштето. Мохамед испратил пораката 15 минути пред нападот. Таа содржи повик неидентификувано лице да му донесе уште оружје.

Телефонот на терористот беше пронајден во каросеријата на камионот веднаш по трагедијата.

При тоа не се исклучува верзијата дека СМС-от може да бил адресиран до едниот од веќе седумтемина притворени во врска со терористичкиот акт во рамките на истрагата на опкружувањето на Булел.

1468748836-bart

Братот Џабир Булел