Нови шведски гуми без воздух: Ветуваат револуционерни перформанси!

од Vladimir Zorba
76 прегледи

Гумите исполнети со воздух денска се доста комплицирани. Нивните странични ѕидови и шарите можат да бидат составени од повеќе од 100 различни компоненти или материјали.

Во споредба со нив, гумите без воздух треба да бидат помалку бучни, до 10 dB. Поради ова, како и поради тоа што ваквите гуми не можат да се дупнат, тие се развиваат на повеќе места низ светот.

Шведските научници од VTI најавуваат дека до крајот на годината ќе го завршат развојот на нови гуми за камиони кои не се полнат со воздух. Проектот траеше 3,5 години и е предвидено да заврши годинава, а беше финансиран од Европската Унија. Зад проектот стојат научниците Улф Сандберг и Ерик Хансон.

Научниците најавуваат дека карактеристиките на овие тркала се намалување на ризикот од аквапланинг, но и помал отпор на тркалање од обичните гуми. Тестовите покажаа дека отпорот е намален за дури 35 проценти, што може позитивно да влијае на потрошувачката на гориво.

Недостатоците на тркалата се дека се премногу тешки. Заштитата од челичната ‘рѓа е најголемиот виновник, а само едно тркало тежи 150 килограми и тоа е нешто на што допрва ќе се работи.

Слични содржини