Нови судири меѓу Израелците и Палестинците, загинаа двајца Палестинци на Западниот Брег

од Radmila Tasevska

Палестинските екстремисти рано утринава истрелаа ракети од Газа кон Израел, откако израелски авиони бомбардираа цели на Исламски џихад во текот на ноќта.

Во северниот дел на Западниот Брег, двајца Палестинци загинаа во израелски напад на периферијата на Наблус, соопшти палестинското Министерство за здравство, пренесе Ројтерс.

Египет се обиде да посредува за прекин на конфликтот, кој влезе во петти ден и во кој загинаа 33 Палестинци и еден Израелец.

Слични содржини