НОВИ ТРАГИ НА 7 ЛОКАЦИИ КАЈ „КУЌАТА НА СМРТТА“ НА БЕЛИВУК: Полицијата бара итна ДНК анализа, еве што откриле скенерите!

од Nikola Popovski
553 прегледи

Во дворот на „куќата на смртта“ во Ритопек, која Вељко Беливук и неговите соработници наводно ја користеле за сурови злосторства, полицијата ископала 7 места каде што биле пронајдени повеќе од 400 коски, чие потекло треба да се утврди.

„Користејќи специјални скенери, кои можат да откријат дали е ископана земјата, откривме седум такви локации, каде се откриени вкупно 400 коски“, изјавил извор од истрагата, пренесуваат српските медиуми.

„Некои биле изгорени, а сите биле проследени за вештачење со цел да се утврди на кого припаѓаат со ДНК анализа“, додал тој.

Извор на Информер вели дека освен тоа, пронајден е и човечки череп во бунар во близина на куќата и тој е испратен на вештачење.

Мафијашката група на Вељко Беливук во моментов е осомничена за убиство на членот на разбојничката банда „Пинк Пантер“ Милан Лепоја, навивачите Горан Величковиќ Гокси и Здравко Радојевиќ, но се претпоставува дека списокот на жртви е подолг.

Обвинителството тврди дека убиствата биле извршени на скоро идентичен начин.

Се сомнева дека Лепоја, Величковиќ и Радојевиќ биле примамени во куќа во Ритопек во Белград, чиј сопственик е соработникот на Веља, Влада Драганиќ.

Таму, како што пишуваат медиумите, биле брутално измачувани, исечени им биле ушите и носот и ископани очите, а потоа биле убиени. Телата потоа биле распарчени и стопени во киселина или изгорени и закопани.

Слични содржини