153
Иако турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАТ) и Црвената полумесечина реагираа веднаш по земјотресот во Турција во понеделникот, за жал, се уште нема доволно тимови за помош на теренот, изјави денеска за „Танјуг“ турскиот новинар Јусуф Емин.
„Сè уште има само 50.000 луѓе кои работат на терен, плус турската армија, која не беше таму првиот ден, но им беше дозволено да работат со рударите на вториот ден“, рече Емин.
Тој рече дека во Турција пристигнале екипи од 80 земји.