Новинар пред 24 години ветил дека ќе изеде чевел ако излезе нов „Топ Ган“ – сега го направи тоа (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Том Круз и „Топ Ган“ е една од ненадминатите класици, а сега после 36 години го дочекавме неговиот втор дел. Откако помина толку време, многумина изгубија секаква надеж дека некогаш ќе го видат продолжението на филмот, а некои отидоа чекор понатаму во своите верувања.

Првиот „Топ Ган“ беше претставен во далечната 1986 година, за деновиве да го добие вториот дел. Многумина одамна го отпишаа својот омилен филм, а сега пристигна како шлаг на тортата, но не и на оние кои беа подготвени да ја стават „раката во оган“ дека тоа никогаш нема да се случи.

Еден од нив е новинарот Мет Печес, кој во 2010 година во својата сега избришана објава на Твитер напиша „како ќе изеде чевел ако се случи Топ Ган 2“.

Тогаш од филмот поминаа 24 години и на Мет ова му изгледаше сосема реално, но 12 години подоцна работите се сменија, а тој не само што ги „изеде зборовите“, туку и другото ветено.

Печес пред неколку дена на својот канал на Јутјуб објави видео наречено „Изедов чевел поради Топ Ган 2“, а на него се гледа како го одржува ветувањето.

За да не претрпи значителни дигестивни проблеми, тој решил да направи „јастив“ чевел од кожа од овошје, лепак за јадење и врвки за чевли од шеќер. За да биде предизвикот поцелосен, во импровизиран чевел, Мет одеше по улица и по тревникот.

„Имав ужасна стомачна болка што ја преживеав“, изјави новинарот за странските медиуми.

Исто така, пред да „прави чевли“, Мет на својот Твитер сподели интересен подарок од продуцентската куќа „Paramount“. „Никој не ми го заборави ова, вклучително и луѓето од „Paramount“ кои се прилично возбудени што не бев во право“, напиша тој покрај фотографијата од тортата во форма на чевел што му ја пратиле.

Повикувајќи се на своето тврдење од пред 12 години, новинарот се обиде да се „оправда“: „Изгледаше невозможно, но зошто да се сомневам во Том Круз. Ова беше голема грешка бидејќи тој беше уште повеќе посветен на изведувањето на неговите акробации“, заклучил Мет.

„Топ Ган 3“ нема да се случи, но не планирам да јадам друг чевел“, се пошегува тој.

Слични содржини