Легендарниот холивудски актер Харисон Форд (80) доби почесна Златна палма пред прикажувањето на петтиот и последен дел од серијалот Индијана Џонс во кој игра археолог.
Инаку, „Златната палма“ е најголемата награда на овој фестивал, а легендарниот Форд ја доби за животно дело во филмската индустрија.
По премиерата тој беше на прес-конференција на која одговараше на новинарски прашања, но едно прашање, односно забелешка, се истакна.
„Многу си згоден и сите се воодушевивме кога ја соблече кошулата во една сцена од филмот. Сè уште го имаш во себе”, посочи новинарката и додава: „Како го правиш тоа? Можеш ли уште да јаваш коњ ?!
Лицето на Харисон покажа доста емоции и беше очигледно дека му е непријатно, па помина со раката по лицето и направи гримаса, но на крајот сепак одговори:
– Да, можам да јавам коњ ако ми дозволат – одговори тој, а потоа со шепот се пошегува:
– Благословен сум со ова тело. Ви благодариме што забележавте – и целата соба се насмеа на овој одговор, како и неговите колеги на масата, актерот Мадс Микелсен и режисерот Џејмс Манголд.
A reporter at #Cannes told Harrison Ford: "I think you're still very hot."
Ford replied: "Look, I’ve been blessed with this body. Thanks for noticing!"https://t.co/c6p4UXtM4X #Cannes #IndianaJones pic.twitter.com/yuUfSQblOq
— Variety (@Variety) May 19, 2023
По долго време Форд се појави на црвениот тепих во друштво на сопругата Калиста Флокхарт.
Инаку, ова е последен пат за Форд да го игра Индијана Џонс, еден од неговите најпознати ликови. Првиот филм за Индијана Џонс беше објавен во 1981 година, а ова е неговиот петти дел.
– Многу сум трогнат од ова. Велат пред да умреш ти го гледаш животот како ти поминува пред очи, јас само што го видов мојот живот како поминува пред моите – рече Форд со солзи во очите, по добивањето на почесната „Златна палма“ и се заблагодари на својата сопруга Калиста Флокарт, со која дојде на премиерата, како и на филмската екипа.