Новинарка се соблече пред мечот со Белгија, а има и дрес! (ФОТО)

од Vladimir Zorba
266 прегледи

Многу важен натпревар на репрезентацијата на Италија ќе се одигра вечерва во Минхен, против Белгија во четвртфиналето на Европското првенство. Потребна е поддршка, целата земја ќе навива, а Џорџина Рието реши да се соблече гола!

Италијанската новинарка, која е голем обожавател на репрезентацијата и фудбалскиот клуб Реџина, позираше целосно гола, но интимните делови од телото ги покри со дресот што го користи националниот тим на овој турнир. Ништо необично, Џорџина и претходно знаела како да испровоцира со фотографии на Инстаграм.

Пред неколку дена сподели слика на која позира во прекрасен дрес на италијанската фудбалска репрезентација, а има и нејзини објави во дресовите на Реџина, за кои работи во моментов.

„Денес е време да го одиграме најтешкиот натпревар на Европското првенство. Мораме да дадеме се од себе, за секоја топка. Што мислите, кој ќе го запре Лукаку“, напиша Џорџина под контроверзната фотографија.

Погледнете ја скоро голата убавица, која се покри со дрес: