Новиот A290 Rallye е првиот електричен рели автомобил на Alpine

Врз основа на неодамна претставениот сериски модел A290, Alpine A290 Rallye е напојуван од електричен мотор кој развива 223 КС

од Vladimir Zorba
12 прегледи

Во врска со овогодинешното одбележување на 70 години постоење, познатата француска автомобилска компанија Alpine претстави интересна електрична рели верзија која е базирана на неодамна претставениот спортски модел A290 и со себе ги носи сите елементи што се очекуваат од сериозен рели автомобил.

Компанијата, која е одговорна и за тркачките активности на Renault, нагласи дека A290 Rallye ќе биде достапен за клиентите пред крајот на годината, а Alpine ќе организира рели трки во кои, очекувано, ќе учествува само A290 Rallye.

Опремен со седишта Sabelt, безбедносни појаси, безбедносен кафез и систем за противпожарна заштита што ги исполнуваат тековните стандарди на FIA, A290 Rallye е напојуван од електричен мотор кој развива 223 КС. Силата се пренесува на предната оска, а зад белите 18-инчни бандажи (EVO Corse) со гуми Michelin, се наоѓа модифицирана суспензија зајакната со амортизери ALP Racing. Предните сопирачки дискови со дијаметар од 350 милиметри имаат шестклипни шепи, а задната оска има дискови со малку помал дијаметар. Исто така, има и хидраулична рачна сопирачка.

Електричниот мотор се напојува од батерија чиј капацитет (52 kWh) е ист како кај серискиот модел, а од Alpine велат дека ги рекалибрирале системите за пренос на моќност и контрола на тракцијата за трки. Инсталиран е и нов систем кој, во зависност од брзината на движење и притисокот на педалата за гас, е одговорен за соодветен звук во кабината.

Alpine бара 59.990 евра за A290 Rally, а цената вклучува повеќебојни апликации на сината каросерија.