Новиот албум на Свифт се продаде во повеќе од еден милион примероци за 24 часа

од Vladimir Zorba
255 прегледи

Иако беше најавен само седумнаесет часа пред официјалното објавување, новиот албум на Тејлор Свифт „Фолклор“ продаде еден милион и триста илјади копии за само 24 часа, со што стана најпродаваниот албум на 2020 година.

Според списанието Variety, албумот го сруши рекордот за најслушано издание во првите 24 часа, а имаше повеќе од милион стримови на Spotify.

Иако официјалните информации за продажбата во првата недела нема да бидат достапни до следниот понеделник, медиумите пренесуваат дека Свифт е најверојатно уметникот кој ќе го има најголемото деби на музичките топ листи оваа година, оставајќи ги зад себе The Weeknd и неговиот албум „After hours“.

На албумот, таа соработуваше со музички херои, така што фронтменот на групата The National – Арон Деснер – работеше со неа на 11 песни, додека тој помина во карантинот со семејството. Останатите песни се напишани од Џек Антоноф, Вилијам Бовери и Бон Ивер.

Албумот „Фолклор“ е достапен на сите сервиси за стриминг и музички платформи.

Слични содржини