Новиот BMW M2 е официјално (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
214 прегледи

Втората генерација на моделот BMW M2 Coupe (со ознака G87) е официјално пристигна, додека за пазарот е најавен за април следната година.

За почеток, новиот M2 Coupe располага со 3.0-литарски TwinPower Turbo мотор со шест цилиндри со 460 КС и 550 Nm вртежен момент, избор од 6-брзински мануелен и 8-брзински автоматски менувач и погон на задните тркала.

Што се однесува до димензиите, автомобилот е долг 4580 mm, широк 1887 mm и висок 1402 mm, што значи дека е 104 mm подолг од претходникот, 33 mm поширок и 7,6 mm понизок.

Во верзијата со рачен менувач, новиот М2 тежи 1730 килограми, а верзијата со автоматски менувач тежи 1754 килограми.

Кај верзијата со рачен менувач, забрзувањето до 100 km/h трае 4,3 секунди, а кај автоматскиот 4,1 секунди.

Максималната брзина е ограничена на 250 km/h, но со опционалниот M Driver’s Package таа е 285 km/h.

Исто така, новиот BMW M2 има поагресивен „aero body“ пакет (вклучувајќи пошироки браници, големи предни отвори за воздух, заден дифузор, спојлер на багажникот и опционален покрив од јаглеродни влакна), како и тркала М (од 19 и 20 инчи), гуми 275/35 ZR19 и 285/30 ZR20, спортски издувен систем со четири издувни цевки, стандардна прилагодлива суспензија, активен М диференцијал, М контрола на влечење и DSC (Динамичка контрола на стабилност која исто така може да се постави во „М динамички режим“ ).

Покрај тоа, тука е и најновиот софтвер на BMW iDrive 8, 12,3-инчен дисплеј, 14,9-инчен заоблен дисплеј, спортски волан и кожни спортски седишта (достапни се и опционални M Carbon седишта).

Палетата на бои ги вклучува следните избори: Toronto Red металик, Zandvoort Blue, Alpine White, Sapphire Black металик и Brooklyn Grey металик.

Производството на новиот М2 ќе се одвива во фабриката на BMW во Сан Луис Потоси во Мексико, заедно со новите серии 2 купе и серии 3.

Што се однесува до цената, таа е 72.800 евра за новиот М2 во Германија.

Слични содржини