Новиот BMW M4 CS ќе пристигне во 2024 година, а електричниот BMW M3 во 2027 година

од Vladimir Zorba
212 прегледи

BMW M4 ќе добие верзија CS во 2024 година како дел од серијата надградби планирани за поставата на дивизијата M Performance.

Новиот модел ќе го премости јазот помеѓу стандардното купе М4 и предводникот на BMW M4 CSL, кој беше претставен минатата година како дел од прославите на 50-годишнината на BMW M.

Францискус ван Мел, шеф на BMW M, рече дека M4 CS ќе се појави во салоните „кон средината на следната година“. Тој додаде дека фејслифтираните верзии на стандардните BMW M3 и M4, заедно со M5 и M5 Touring, исто така треба да бидат претставени во 2024 година.

Ван Мел не даде дополнителни детали за M4 CS, но најверојатно ќе го сподели неговиот погон и потпорите со седанот M3 CS со погон на сите тркала, лансиран претходно оваа година. Тој автомобил има 3,0-литарски твин-турбо мотор со шест цилиндри со 550 КС и 560 Nm вртежен момент.

M3 CS има и голем број прилагодувања на суспензијата и компонентите за подобрување на управувањето во споредба со стандардниот модел, бројни лесни делови… Ова му овозможи на M3 CS да забрза од 0 до 100 km/h за 3,4 секунди.

Продолжуваме понатаму. Првиот електричен BMW M3 ќе пристигне во 2027 година, а се развива под кодното име ZA0.

Според Френк Вебер, член на одборот на BMW одговорен за развој, целосно електричниот BMW M3 се планира да биде пуштен во продажба во 2027 година.

Некои извори споменуваат потенцијална моќност од околу 700 КС. Се очекува BMW M да понуди неколку варијанти на електричните модели М3 и М4 со различна излезна моќност.

ZA0 BMW M3 е базиран на Neue Klasse BMW i3 (NA0) кој ќе биде лансиран во 2026 година, една година по BMW iX3 (NA5). M3 EV ќе испраќа сила на сите четири тркала.

Слични содржини