Новиот Chevrolet Aveo и официјално

од Vladimir Zorba
180 прегледи

Најавен во декември минатата година, новиот Chevrolet Aveo сега официјално дебитираше во Мексико, во хечбек и седан верзии.

Меѓутоа, новата генерација на Aveo е развој на заедничкото вложување SAIC-GM-Wuling во Кина, а претходно беше познат само под кодното име 310C. На кинескиот пазар истиот автомобил ќе се продава под локалната марка Wuling.

Како што пренесуваат мексиканските медиуми, новото Aveo ќе биде опремено со атмосферски 1,5-литарски бензински мотор од 98 КС, со стандарден 6-брзински мануелен или опционален автоматски менувач.

Меѓу опремата најавени се тркала од 15 инчи, шест воздушни перничиња, клима уред, 8,0 инчен екран на допир, ABS, задна камера и задни паркинг сензори.

Во Мексико наскоро ќе започне продажбата на новиот Aveo, а подоцна се очекува и во другите земји од Латинска Америка. Може да биде достапен и на Блискиот Исток.