Новиот DS No8 е поскап од BMW

од Vladimir Zorba
150 прегледи

Кога францускиот DS Automobiles го претстави No8, не штедеше пофалби, а сега ќе се обиде да го надомести сето тоа. Францускиот новитет е претставен како нешто досега невидено во палетата на електрични модели. Врвен луксуз, совршен комфор и првокласни перформанси. Сега му е додаден уште еден „епитет“.

Имено, она што изненади многумина е фактот дека DS No8 е поскап од BMW i4, премиум електричниот седан на германскиот производител. Кога ќе се појави на пазарот во втората половина од годината, DS ќе бара минимум 59.200 евра за No8 во Франција.

Станува збор за почетната цена за верзијата Pallas со погон на предните тркала, додека сумите ќе одат до 74.600 евра за Etoile AWD Long Range. Вториот е единствен кој се нуди со два електромотори, вкупно 375 КС и батерија од 97,2 kWh. Според WLTP, досегот е импресивни 686 километри.

Овде се поставува прашањето – дали DS No8 ја оправдува својата повисока цена во споредба со етаблираниот конкурент? Имено, BMW i4 GranCoupe започнува од 57.600 евра, додека врвниот DS No8 може да се натпреварува по цена со модели како Audi A6 Sportback e-tron (66.420 евра), Mercedes-Benz EQE Sedan (70.050 евра) и BMW i5 (76,250 евра).

Ова не е најскапиот DS. DS7 Performance PHEV SUV стартува од 75.800 евра, а DS9 Opera E-Tense 4×4 PHEV од 89.250 евра. Ако не верувате, играјте си со конфигураторот на официјалната веб-страница. Имајте на ум дека додатоците не се евтини, па напа кожа чини 2.350 евра, тркалата од 21 инчи 1.100 евра, исто како и бисерната боја. А кога е натоварен со дополнителна опрема, новитетот на DS доаѓа до 85.990 евра.

Иако DS No8 носи луксузни елементи и уникатен дизајн, останува прашањето дали купувачите ќе бидат подготвени да платат повисока цена во споредба со, на пример, BMW i4, кој е поддржан од етаблиран бренд.

Слични содржини