Новиот Fiat 600 Hybrid

од Vladimir Zorba
337 прегледи

По дебито на новиот електричен модел 600e и почетокот на производството во полската фабрика, Fiat претставува и делумно електрифицирана верзија. Станува збор за верзијата 600 Hybrid.

Seicento на 21 век развива вкупно 128 КС, добиени од 1,2-литарски трицилиндричен мотор од 100 коњски сили кој работи во комбинација со електрична единица од 28 КС. Електричниот мотор е интегриран во шестстепен менувач со систем со двојна спојка. Така, постариот брат на Fiat 500 може да работи исклучиво на електрична енергија до брзина од 30 km/h.

Но, со оваа брзина, енергијата во литиум-јонската батерија од 48 V ќе се „испразни“ по еден километар. Откако ќе се испразни батеријата, бензинскиот мотор започнува да ја полни батеријата. Исто така, благодарение на електричниот мотор исчезнува феноменот на „турбо дупка“, автомобилот може делумно да се вози без емисија на штетни гасови во градот и на паркинзите. Во однос на забрзувањето, Fiat 600 Hybrid достигнува 100 km/h за 11 секунди.

Производителот од Торино тврди дека ова техничко решение ја намалува потрошувачката на гориво и ја намалува емисијата на CO2 за 15%. За дополнително да и помогне на животната средина, Fiat 600 Hybrid има внатрешност направена исклучиво од рециклирани материјали, а таблата со инструменти е направена од биопластика.

Во однос на димензиите и просторот, верзијата 600 Hybrid ги има истите димензии како нејзиниот електричен брат, но е многу полесна. Засега хибридниот Seicento ќе биде достапен во Италија и другите земји каде продажбата на електрични автомобили не е толку популарна, по влезна цена од 24.950 евра.

Слични содржини