Новиот градоначалник на Гази Баба се откажа од службеното возило

од Берта Китинска
331 прегледи

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски во објава на својата официјална страна на социјалните мрежи ја информираше јавноста дека се откажува од користење на служено возило како и од трошење на средствата во буџетот наменети за репрезентација.

“Ја информирам јавноста дека како Градоначалник на Општина Гази Баба се откажувам од користење на службено возило и истото го давам на користење на администрацијата со цел поефективно вршење на работите во интерес и за граѓаните на Општина Гази Баба. Истовремено се откажувам и од трошење на средствата во буџетот наменети за репрезентација.Парите во буџетот се на граѓаните и истите треба да се трошат единствено за реализација на проекти за подобрување на животот на граѓаните.” напиша Стефковски.

Слични содржини