Новиот Lincoln Nautilus

од Vladimir Zorba
177 прегледи

Втората генерација на кросоверот Lincoln Nautilus е готова, а неговите први слики доаѓаат од Кина.

Актуелниот Nautilus беше промовиран во 2017 година, додека дизајнот на новиот модел е во стилот на лимузината Lincoln Zephyr.

Nautilus значително порасна: должината сега е 4908 mm, ширината 1952 mm, висината 1717 mm, со меѓуоскино растојание продолжено на 2900 mm (плус 50 mm).

Кинеската верзија ќе се продава со 2.0-литарски турбо мотор со 261 КС.

Премиерата се очекува следната година, а овој Lincoln би требало да се појави и во Америка.