Новиот луксузен кросовер од Mercedes-Maybach

од Vladimir Zorba
303 прегледи

Имајќи предвид за неодамнешните промоции на луксузни кросовери и враќањето на Maybach во палетата на Mercedes-Benz, небаре беше прашање на време да ги видиме двете нешта во едно. На интернет се појавија слики на концепт Mercedes-Maybach SUV, а дизајнот е повеќе од интересен.

Ова е еден од автомобилите за кој не постои средина. Или ќе се вљубите во него или ќе го осудите. Но, не ли е така со сите нестандардни возила?

Во моментов е само концепт, па речиси е сигурно дека нема да изгледа вака, кога ќе биде создаден модел за сериско производство. Највпечатливо од надворешноста се тркалата, кои личат на ротор на турбина. Останатите се добро познати линии.

Внатрешноста е уште попривлечна, иако главните карактеристики, како што се воланот и таблата со инструменти, не се разликуваат многу од стандардите за Mercedes. Белата кожа, елементите од дрво и розево-златните елементи го прават еден Maybach тоа што е.

Досега спецификациите на возилото не се познати. Очекуваме тоа да биде објавено за време на официјалното претставување на претстојниот настан во Пекинг.

Се чини дека местото не е случајно избрано, со оглед на тоа каков успех има токму овој тип автомобили на кинескиот пазар.

Слични содржини