Новиот московски штит: Путин и неговиот поголем и посилен брат

од Vladimir Zorba
185 прегледи

Кога од „некаде на небото“ некогашните руски цареви и советски раководители би ја следеле посетата на кинескиот лидер Си Џинпинг на Русија, веројатно би колнеле. Какво понижување за генералната стратегија на држење на сувереноста над Сибир на она што Москва го одржувала со векови наназад. За светот, посетата на Си на Москва е поважна од аспектот на можното ново азиско стратешко партнерство (со Индија и Иран) на антизападна основа. Но за традиционалистите – главни поддржувачи на путиновските наративи, огромно мнозинство на руското јавно мислење – ова е сериозна загроза на клучните вредности на кои се потпирала моќта на Москва: воена, демографска, а пред сè, економска.

За на читателите да им биде појасна симболиката на посетата за која станува збор, односно за констатацијата дека таа е коперникански пресврт во однос на стратешките судири кои опстојувале меѓу Пекинг и Москва со векови, само да потсетиме дека тие кулминираа со отворен воен конфликт во 1969 година. Во истиот судир, Југославија направи свој значаен камбек во Кина, каде и беше признаена далекугледоста во идеолошките конфликти меѓу социјалистичките земји! Судирот околу островот Дамаски (на кинески Женбао) не беше само идеолошки, имаше таков претекст, туку е одраз на фактот што, долгорочно, Кина во сибирските пространства гледаше клучен излез за сопствената демографска експлозија, на својата хронична глад по суровини и можности за развој и едноставно, како што бива во вакви случаи, во отстранување на „историските неправди“.

Ова беше прв судир меѓи „идеолошки браќа“, згора обете нуклеарни сили. Првите разидувања меѓу Пекинг и Москва настанаа по доаѓањето на Никита Хрушчов во 1954 година на чело на СССР, што за Мао Це Тунг беше недозволено расчистување со сталинизмот. Дотогаш, двете земји водеа една значајна заедничка војна против Западот во корејската војна (1950-53), практично необјавена меѓу големите сили, но тоа „братство по оружјето“ се стави во искушение, особено откако Варшавскиот пакт ја окупираше Чехословачка во 1968. Пекинг сфати дека и тој може да биде загрозен и за прв пат главната „ревизионистичка земја“ – Југославија, одеднаш, во очите на Мао (почина во 1976 г.) стана земја која навреме ја воочи таквата опасност по својот интегритет!

Целата колумна на следниот линк!

Слични содржини