Новиот началник на СВР Скопје води состанок на општински комитет на ВМРО-ДПМНЕ

од Vladimir Zorba
467 прегледи

По назначувањето на Ристо Ставревски за началник на СВР Скопје од страна на техничкиот министер Наќе Чулев во јавноста повторно беа актуелизирани „бомбите“ од кои се слуша како тој директно влијае врз гласачи, односно одработува за ВМРО-ДПМНЕ.

До нашата редакција стигнаа и нови докази за негова партиска инволвираност.

Од фотографиите што ги објавуваме се гледа како Ставревски води партиски состанок во Оопштинскиот комитет Ѓорѓе Петров во друштво на Владо Мисајловски, во својство на потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и Бојан Стојановски, во својство на претседател на ОК Ѓорче Петров.

Оттука техничкиот министер Наќе Чулев треба на јавноста да и одговори дали преку ваквите партиски послушници планира да организира фер избори.

Слични содржини