Новиот предводник на ХТЦ ќе има 20 МП камера

од Vladimir Zorba
83 прегледи
Наредната генерација на предводникот на ХТЦ – ХТЦ Уан M9 најверојатно ќе користи камера со 20 МП сензор. Компанијата одлучи да се откаже од своите обиди да ја наметне технологијата Ултрапиксел како алтернатива и се враќа кон традиционалните сензори пренесе онлајн изданието Врџ.6
Тие се повикуваат на нови информации за спецификациите на М9, кои се појавија пред официјалното претставување на уредот. Се очекува тој да биде прикажан на 1-ви март на самиот почеток на Светскиот мобилен конгрес во Барселона.
Според податоците, новата генерација ќе користи 8-јадрен процесор Снапдрагон 810 со работен такт од 2ГХз, 3ГБ РАМ меморија и 32ГБ внатрешна меморија. На располагање ќе има и слот за микроЕсДе картички.
Камерата на грбот ќе биде 20 MП со двоен ЛЕД блиц. Сензорот на предниот панел пак ќе биде со Ултрапиксел технологијата, еквивалент на 4 МП. Оперативниот систем е Андроид 5.0 Лолипоп и како и секогаш во него е инсталиран интерфејсот Сенс на ХТЦ. Овој пат во неговата седмата генерација. За повеќе, по настанот во Барселона на 1-ви март.