201
Првиот левичарски претседател на Колумбија, Густаво Петро, синоќа положи заклетва, ветувајќи дека ќе се бори против социјалната нееднаквост.
Поранешниот член на герилската група М-19, Петро триумфираше на претседателските избори во јуни, победувајќи ги конзервативните партии кои понудија умерени промени, но не успеаја да се поврзат со гласачите фрустрирани од растечката сиромаштија и насилството врз лидерите за човекови права и еколошките групи во руралните области, објави АП.
Петро вети дека ќе се бори против социјалните и економските нееднаквости преку зајакнување на програмите за борба против сиромаштијата и зголемување на инвестициите во руралните области.