Новиот претседател на Шри Ланка положи заклетва

од Stefanija Kuzmanovska
166 прегледи

Поранешниот премиер на Шри Ланка, Ранил Викремесинге, денеска положи заклетва како нов претседател на земјата, која се соочува со невидена економска криза.

Викремесинге положи заклетва пред главниот судија Џајант Џајасуирија на церемонијата одржана во зградата на парламентот во Коломбо, пренесува АП.

Парламентот на Шри Ланка претходно во средата го избра Викремесинге (73) за шеф на државата со мнозинство гласови за да го заврши мандатот на поранешниот претседател Готабаја Рајапакса, кој избега од земјата и поднесе оставка откако демонстрантите упаднаа во неговата резиденција.

За Викремесинге гласаа 134 од 225 пратеници. Се очекува Викремесинге да биде на власт до 2024 година, до крајот на мандатот на Рајапакса.

Слични содржини