Официјалната светска премиера на новиот Scenic е блиску, па Renault со оваа нова тизер слика потсетува дека ќе го прикаже новиот модел со ова име следната недела (4 септември).
Концептот Scenic Vision, претставен на конференцијата ChangeNOW во Париз, ја најави втората фаза од стратегијата за електрични возила на Renault во сегментот C: зајакнување на сеопфатната понуда од 100% електрични патнички возила со новите електрични модели Megane E-Tech, ZOE и Twingo.
Scenic Vision го отвори патот за поодржлива, побезбедна и поинклузивна мобилност. Тоа е возило кое ја реализира својата визија и истражува нови перспективи и претставува олицетворение на најнапредните технолошки идеи за декарбонизација.
Новиот Renault Scenic E-Tech ќе ги следи неговите стапки и ќе биде првиот сериски модел кој ќе ја отелотвори новата стратегија за одржливост на Renault, фокусирана на животната средина, безбедноста и вклученоста.
Претпродукциските примероци, кои инженерите на Renault ќе ги тестираат на јавните патишта ова лето, веќе ги откриваат последните контури на новиот модел.
Произведени во центарот за електрични возила ElectriCity во Douai, тие се карактеризираат со специјална маскирна шема развиена од одделот за дизајн на Renault. Поигрувајќи си со линиите и шаблоните на новоto иконично лого, овој камо-дизајн, кој претходно беше забележан на електричните возила Megane E-Tech во претпродукција, создава блескав камуфлажен ефект на патот.