Министерот за надворешни работи во новата авганистанска влада предводена од Талибанците денеска изјави дека остануваат посветени на тоа да не дозволат екстремистите да ја користат територијата за напад надруги земји.
На неговата прва прес-конференција откако Талибанците формираа привремена влада пред една недела, Молави Амир Кан Мутаки рече дека нема да даде временска рамка за тоа колку долго владата ќе биде на сила или дали ќе вклучува претставници на други фракции, малцинства или жени.
Запрашан за можното одржување на избори, тој побара од другите земји да не се мешаат во внатрешните работи на Авганистан.