Новиот Симон Боливар

од desk3
95 прегледи

За сите кои не им се допаѓаат владејачките во Венецуела социјалисти, Леополд Лопез е лицето на граѓанскиот протест. Бунтовникот го има и ореолот на директен наследник на Симон Боливар, што го прави опасен за претседателот Мадуро.

Опозицијата во Венецуела свикува денес /30.5./ голем антивладиниот митинг. Иницијатор е опозицискиот лидер Леополд Лопез, кој е во затвор. Во меѓувреме, тој стана симбол на граѓанскиот протест во земјата на Симон Боливар. Само за неколку дена видео-пораката на Лопез на YouTube направена со тајно доведен во затвор мобилен телефон, била гледано од близу еден милион луѓе.

Опозицискиот лидер се наоѓа во воениот затвор “Рамо Верде” крај Каракас од почетокот на февруари 2014 година. Социјалистичката влада на претседателот Николас Мадуро го обвини за поттикнување на бунт. И донекаде има право, бидејќи Леополд Лопез веќе се смета за граѓански наследник на покојниот водач на боливиската револуција Хуго Чавез. И без разлика што уште подготвуваат за него властите, 44-годишниот поранешен градоначалник на област во главниот град Каракас не може да биде запрен ниту принуден да молчи.

“Resistencia” (во превод: отпор) е концепт кој обично е поврзан со активноста на левите движења во Латинска Америка. Но, во случајот отпорот се испоставува од опозицискиот лидер Лопез, а социјалистичката влада на Мадуро изгледа не наоѓа соодветното средство за спротивставување.
За оние Венецуелци кои не им се допаѓаат владејачките од 1999 година наваму социјалисти, Леополд Лопез е олицетворение на граѓанскиот протест. Во своето видео-обраќање тој ги повика своите приврзаници да излезат на протестен марш по улиците на Каракас. Неговата сопруга Лилијан Тинтори најави дека “кој не протестира, очигледно не сака да има предвремени парламентарни избори”. Нејзината иницијатива беше поддржана и од сопругите на други претставници на опозицијата, фрлени во затвор.

Во меѓувреме Леополд Лопез објави штрајк со глад – со цел да го зајакне притисокот над владејачките за одржување предвремени парламентарни избори. Сите анкети покажуваат дека предвремените избори може да ја донесат бараната од опозицијата политичка промена, но властите не сакаат да одредат датум за изборите. Опозицијата признава дека владата се обидува да го одложи максимално долго денот на гласањето, за да излезе од сегашната криза на доверба.

Леополд Лопез меѓувреме стана најсериозна закана за претседателот Николас Мадуро. Опозиционерот има голем број на квалитети кои му недостасуваат на претседателот: Лопез е добар говорник, како градоначалник бил наградуван за заслуги од антикорупциската организација “Транспаренси интернешенел”, освен тоа е директен наследник на латиноамериканскиот борец за слобода Симон Боливар, чие име го злоупотребуваат венецуелските социјалисти.

“Леополд никогаш нема да ја напушти Венецуела”

Откако Лопез се наоѓа во затвор, неговата популарност постојано расте. Голем број правобранителски организации, вклучувајќи ги и “Амнести” и “Хјуман рајтс воч”,го оценија неговото апсење како политички мотивирано. Истото мислење го изрази и добитникот на Нобеловата награда за мир и поранешен претседател на Костарика – Оскар Ариас. Во меѓувреме, претседателот Мадуро најави нови мерки против “десните фашисти” и вети дека сите тие ќе завршат во затвор.

По се изгледа сепак, дека неговата влада го подценила непријателот. Обидите на властите да го натера Лопез да ја напушти Венецуела – на пример да биде разменет против затвореници кои отслужуваат затворски казни во странство – не успеја. Бунтовникот се покажа како цврст орев дза кршење, кој, и покрај богатството на своето семејство, претпочита да седи во затвор, наместо да ја критикува владата од некоја сјајна резиденција во Мајами. Колку долго уште ќе остане во својата ќелија, никој не знае. Неговата сопруга Лилијан сепак е категорична: “Леополд никогаш нема да ја напушти Венецуела”.